Sunday, December 02, 2007

Здраво

Како за почеток еве накратко каде све бев ова лето

Оваа слика е од Планината Бигла - Ресенско што се наоѓа помеѓу Пелистер и Галичица. Интересно е за оваа планина дека тука минувала дел од линијата на фронтот од првата светска војна и затоа на врвот има многу ровови кои се навистина многу големи (толкави ровови не сум видел).

Инаку низ што све моравме да минеме, ги гледате ли овие откачениве на џипот? Не не глумат "прилепчани" туку одржуваат рамнотежа да не се преврти џипот. Инаку на џипот се наоѓаат Стевче-boy, Николче т.н. директор и Јовче (само Јовче), а вози the one an only Блажо. А јас, е од мене има најмалку слики (што да правам кога е мој фотоапартот).

Е ова се двајцата главни "фраери", само немојте да речете дека ви личат на "бугарски шпиуни". Еееее дури и џип од пожарна ни дадоа (ех уште сирена да имаше), абе што да ви кажувам ова ви беа главни фраери во Ресен.

Е ова сега е слика од границата на резерватот Јасен. Гледате ли ние колегите колку си се сакаме, ех убави на мајка тие. Е сега тука фали оној Блажо што беше верна замена на "лудиот макс" во претнодната слика, ама во близина немаше нитуедна мечка па мораше да се фати за фотоапаратот тој.

Арно ама додека да стигневма до предходно споменатото место требаше да се искачиме по еден пат (абе што да ти кажам) по кој што беше подобро да не гледаш надоле, абе таква провалија ни во амерички филмови за Рамбо или Џемс Бонд не сум видел.

Ова е една слика од Шар Планина која што се наоѓа во западна Македонија и ги има едни од најдобрите патеки за скијање. Инаку поточно ова е Лешничка шума која е на лош глас бидејќи се наоѓа веднаш над селата Бродец и Вешала.

Не, не, не ова на сликава лево не се изгубени гермаци, туку весели шумари пред ров од ОНА, кои беа цело време со нас. Их што се лични, а?

И така натаму.....


Ех не можам да одолеам а да не ви ја покажам оваа слика, на која што се гледа како ги казнуваме нашите колеги. Овој голиов под казна го оставивме цел ден да се пече на сонце, кај тоа па и женски во бикини да го појат цело време со ладно нес кафе, а вечерта... Е вечерта што кисело млеко потрошивме.


Што мислите за колегата а? Само немојте да кажете дека е како со мокра крпа удрен по глава.